Прес конференција, Влатко Величковски, претседател на ОО СДСМ Делчево
Почитувани сограѓани,
ЗБОРОТ ВАЖИ
Градиме квалитетна патна инфраструктура, каква што ветивме. После успешно завршениот проект со реконструкцијата на патот Делчево-Звегор кон Граничен премин со Република Бугарија,како и повеке улуци низ градот Делчево, се решава уште еден децениски проблем на жителите на Делчево и сите транзитни возила кои минуваат низ градот.
За прв пат од неговата изградба, се реконструира главниот булевар во Делчево. Започна реконструкцијата на главната сообраќајница која е дел од државниот пат А3 и е дел од меѓународната траса кон Р.Бугарија. Реконструкцијата ќе опфати градежни активнисти со асфалтирање во должина од 3,4 км.
Согласно проектот, ќе се реконструираат двата коловози од влезот во Делчево кај бензинската станица, па се до излезот од Делчево, односно крстосницата на регионалниот пат према граничниот премин кон Р.Бугарија и регионалниот пат кон општините Пехчево и Берово. Инвеститор на работите е Јавното претпријатие за државни патишта, а изведувач е ГП “Гранит”.Вкупната вредност на оваа инвестиција е 32 милиони и 463 илјади денари.Целосната реконструкција на главната сообраќајница очекуваме да заврши за 30ина дена. Со тоа ќе се обезбеди поголема безбедност во сообраќајот на жителите и околината, како и развој на овој регион. Со оглед на тоа што со години бевме сведоци на очајната состојба во која се наоѓаше овој булевар, огромно е задоволството што конечно овој булевар се реконструира.
Успешните политики на Владата на Република Северна Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев продолжуваат.
И како локална и како централна власт и понатаму ќе се залагаме со уште поголем интензитет да се реконструираат патни правци како и изградба на нови, затоа што добрата и квалитетна патна инфраструктура представува крвоток на економските активности како и проток на луѓе,стоки и услуги.
Благодарам.