fbpx

Растат платите на вработените во градинките, го враќаме достоинството на стручниот кадар

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Мартина Стојкоска – Портпарол на ОО СДСМ – Прилеп

 

Почитувани,

Владата предводена од СДСМ на конкретен начин покажа дека го цени и вреднува трудот на вработените во градинките.

Со одлука на Министерството за труд и социјална политика, воспитувачите, негувателите, стручните работници и соработници, педагозите, психолозите и другите вработени кои се директно поврзани со згрижувањето и воспитувањето на децата од предучилишната возраст, добија повисоки плати за 16 отсто.

Тоа значи дека со оваа мерка, платите на вработените во градинките се зголемуваат до 5000 денари.

Дополнително, од месец септември оваа година сите вработеени во градинките добиваат ново зголемување на платите од 5 отсто.

Покрај владините мерки, Општина Прилеп континуирано инвестира во подобрување на условите во сите објекти на Јавната општинска установа Детска градинка „Наша иднина“.

Во изминатиот период, целосно е заменета внатрешната и надворешната дограма во градинката „Тризла“, каде комплетно е реновиран и покривот.

Во градинката „Бончејца“, покрај целосната замена на дограмата, извршено е и фасадно уредување на објектот.

Додека во сите градинки комплетно се реновирани санитарните јазли, при што во целост се запазени хигиено-техничките стандарди.

Почитувани,

За нас грижата за најмладите е еден од врвните приоритети.

Го враќаме достоинството на стручниот кадар во градинките.

За нас зборот важи.

 

 

Последни вести