fbpx

Повисоки плати за 3.000 за стручниот кадар во градинките, се враќа достоинството на професијата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, Ивица Затаракоски – портпарол на ОО на СДСМ Струга

Почитувани граѓани,

Почитувани медиуми,

Конечно после долги години го враќаме достоинството и го вреднуваме трудот на вработените во градинките.

Оваа влада со Министерството за труд и социјална политика го презентира новиот платен систем, во кој се воведува кариерен развој на воспитувачите/ките, како и систем на плати за директорите/ките на градинките чија висина ќе варира од бројот на деца. Со ова постепено се работи на унапредување на клучниот период од раниот детски развој.

Почнувајќи од јунската плата, стручниот кадар добива зголемување во просек од 16%, односно 3000 денари во нето износ по вработен.Нето платата на воспитувач со високо образование се зголемува од 20.546 денари на 23.731, односно 16,26%,а за вработените со минат труд со 15 години стаж ќе изнесува 25.511 денари. Опфатени се 3.138 вработени во кои спаѓа целиот  стручен кадар, како и помошниот технички персонал. Во септември годинава вработените во детската заштита ќе добијат и уште едно зголемување од 5%. Со тоа вкупното покачување на платите на вработените во детските градинки во Република Северна Македонија ќе достигне 21%.

Во изминатите две години отворени се 24 нови објекти и обезбедени се 1.400 согласности за вработувања во градинките. Со зголемувањето на платите, но и со проширувањето на капацитетите на градинките и јакнењето на професионалните компетенции го враќаме достоинството на професијата воспитувач.

МТСП  издвои 300% поголем буџет од минатата година за изградба на нови градинки, а за оваа намена се достапнии 15 милиони евра од Светска Банка.Како одговорна партија целосно сме посветени на унапредување на социјалната заштита,градиме систем кој се грижи за граѓаните и обезбедува квалитетни услови за работа на стручниот кадар.

 

 

Последни вести