fbpx

Платите растат, над 4.300 вработени во системот на детска и социјална заштита добиваат повисоки плати за над 3.000 денари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција, 

Снежана Калеска Ванчева, пратеничка на СДСМ,

Почитувани, 

Продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат унапредување на системот на социјална и детска заштита и обезбедуваме повисоки плати за стручниот кадар.

Со јунската плата, стручниот кадар во градинките доби покачување од над 3.000 денари, со што над 3.100 лица кои се вработени во градинките добиваат повисоки плати.

Усогласено со Колективниот договор, повисоки плати добива и помошно техничкиот персонал во градинките.

Истовремено, со јунската плата во секторот социјална заштита платите се зголемуваат во просек за 22 отсто, односно за 4.367 денари во нето износ во просек по вработен.

Зголемувањето на платите се прави согласно Законот за вработените во јавниот сектор и со него се опфатени 1.170 од вкупно 1.531 вработени.

Ова значи дека над 4.300 лица вработени во детските градинки и социјалната заштита добиваат значително повисоки месечни примања.

Веќе од септември следува уште едно зголемување на платите во висина од 5 отсто. 

Ова е јасен доказ за заложбата да го унапредиме системот на социјална заштита и доказ да обезбедиме достојни услови за работа на стручниот кадар.

Како одговорна партија остануваме посветени на реализација на мерките што носат повисоки плати и обезбедуваат систем кој вистински се грижи за граѓаните.

 

Последни вести