fbpx

Грижата продолжува, раст на платите од над 3.000 денари за вработените во градинките

Facebook
Twitter
LinkedIn

 Прес конференција, ОО СДСМ Гевгелија

 

Социјалните реформи што обезбедуваат подобар живот и ги враќаат парите назад кај граѓаните денес е реалност благодарение на посветеноста и мерките на Владата предводена од СДСМ.

Драстично се зголемува семејниот буџет на над 3100 вработени во детските градинки-воспитувачи, негуватели, стручни работници и стручни соработници: дефектолог, логопед, педагог и друг персонал кој е поврзан со воспитувањето и грижата за нашите деца.
Започнувајќи од месец јуни 2019 година вработените во градинките во целата држава добија зголемување на платите во висина од 16%. Заедно со планираното покачување на платите од дополнителни 5% во месец септември ова вкупно зголемување од 21% е најголемо покачување на платите во градинките до сега.

Изразено во бројки нето плата на воспитувач се зголемува за околу 3000 денари а со пресметан минат труд за вработен со 15 години стаж се зголемува за околу 5000 денари.
Зголемување на платите добива и помошно-техничкиот персонал во градинките , покачување кое е утврдено според колективниот договор.

Денес вработените во Детската градинка во општина Гевгелија добиваат поголеми месечни примања. Грижата за децата, за нивниот развој и воспитание се заложба на оваа Влада и на МТСП. За таа цел за само 2 години се отворија 24 нови детски градинки во државата и се обезбедија 1400 согласности за нови вработувања.

Преку зголемување на платите, проширувањето на капацитетите и јакнењето на професионалните компетенции работиме на создавање позитивни промени и делуваме мотивирачки кај стручниот кадар и кај помошно-техничкиот персонал во градинките.

Граѓаните го препознаваат доброто.

За СДСМ #ЗборотВажи!

Последни вести