Прес конференција, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Предлогот на Христијан Мицкоски, Владимир Панчевски да биде прв човек на новото Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција е предлог за враќање на „Сваровски“ судството кое работеше по инструкции од белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ.
Со ова, Христијан Мицкоски уште еднаш покажа дека не му грижа за правдата, не му е грижа за владеењето на правото, неговата единствена грижа е да го одбрани криминалот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Заврши времето кога политичари бираа јавни обвинители, тоа на Христијан Мицкоски треба да му биде јасно.
Панчевски е олицетворение на „Сваровски“ судството преку кое ВМРО-ДПМНЕ ја урнисуваше правната држава и ги погазуваше човековите права и слободи.
Мицкоски е олицетворение на режимот на ВМРО-ДПМНЕ кој го инсталираше таквото судство.
Предлогот на Мицкоски, Панчевски, кој е обвинет за злоупотреба на АКМИС системот, човекот кој во центарот на Скопје градеше дивоградби и кој беше осуден за мобинг врз судии да стане прв човек на новото Јавно обвинителство доволно говори каков е односот на Мицкоски кон правдата.
Мицкоски останува посветен на одбрана на криминалот и дејствување против правдата, против интересите и на граѓаните и државата.
Христијан Мицкоски очјано посакува враќање на „Сваровски“ судството под контрола на ВМРО-ДПМНЕ, но тој филм бидете сигурни дека нема да го гледа.
Борбата против корупцијата и организираниот криминал е бескомпромисна и таквата борба не познава партиска припадност.