Почитувани граѓани, почитувани струмичани
СДСМ е на власт само две години, а позитивните промени во земјата ги забележуваме на секој чекор. Беше тешко и немавме многу време за ослободување на заробената и ограбена држава и создавање на услови за нормално функционирање на општеството и државата, но сепак, успеавме.
Клучните ветувања се исполнуваат. Едно по едно и од ден во ден, се повеќе.
Сведоци сме, борбата против сиромаштијата и за демократијата започна и континуирано се води во секој сегмент од нашето општество и на секоја педа од нашата земја. Стандардот на граѓаните постојано се зголемува – се намалуваат давачките и трошоците, а се зголемуваат платите, пензиите и сите останати приходи. Истовремено, се зголемуваат производството, инвестициите, вработувањата, социјалните програми, стандардот и позитивната атмосфера, а демократските процеси не запираат. Земјата станува градилиште, а борбата против корупцијата и криминалот започна и во најутврдените и највисоките бастиони и општествени структури – таму каде што пред две години воопшто не можеше ни да се замисли.
Нашата земја од земја во изолација стана земја лидер во регионот. Земја за пример, земја со многу пријатели, земја во која се градат перспективите и иднината, земја која во скора иднина младите веќе нема да ја напуштаат во потрага по гола егзистенција.
Но, СДСМ не застанува тука.
Зборот е збор и СДСМ секогаш останува со граѓаните.
Ова лето – пратеници, советници, министри, градоначалници, директори на јавни и општествени установи, истакнати активисти и експерти од различни областии со различни специјалности, повторно се на средба со граѓаните. Секој ден и во секое населено место, секаде каде што живеат луѓе и каде што има проблеми, насекаде каде што може да се помогне и насекаде каде што можат да се подобрат условите за работа и живеење.
Уште еднаш заеднички да ги евидентираме најургентните и највиталните проблеми и да ги пронајдеме најдобрите и најефикасните решенија. На тој начин, сите тие евидентирани проблеми и решенија во наредниот период ќе станат задачи и
обврски за функционерите на СДСМ, за државните органи и институции, за државата и за нашата заедничка подобра иднина.
Почитувани,
Затоа да не ги штедиме пратениците, советниците, министрите, градоначалниците, директорите и активистите на СДСМ. Тие ќе дојдат во вашите средини, но и вие слободно побарајте ги и обратете се до нив. Наше е да бараме, а нивно е да
слушаат и исполнуваат. Тоа е политиката на новото време и државата во која можеме убаво да живееме.
Зборот е збор и СДСМ секогаш останува со граѓаните.
За подобар живот и за подобра иднина за сите – мораме да се соочиме со вистината. Најискрено и најчовечки да ги нотираме состојбите – да им се спротивставуваме и да ги критикуваме пропустите и негативностите, но и да ги пофалиме успесите.