fbpx

Кондовска: Градиме по план во Скопје, интензивно се реконструираат најважните сообраќајници и во Чаир

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,

Марија Кондовска, советничка во Советот на Општина Чаир

Скопје, 07.07.2019

 

Почитувани,

Општинската власт во соработка со Град Скопје постојано работи на реконструкција и санација на значајните сообраќајници во општина Чаир. 

Во моментов се работи на реконструкција на улицата Лазо Трповски на потегот од кружниот тек со улица Втора македонска бригада до крстосницата со улицата Петар Ичко. 

Предвидено е процесот да заврши за 20 дена со што ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе.се олесни транспортот во овој дел од градот.

Претходно Град Скопје ја заврши реконструкцијата на улицата Втора македонска бригада каде се поставени и велосипедски патеки.

Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов останува целосно фокусирана на развој и унапредување на инфраструктурата во општина Чаир. 

Градиме по план!

Преку конкретни мерки и активности, секојдневно работиме во интерес на граѓаните и ги подобруваме условите за живот.

 

Последни вести