fbpx

Пуштена во употреба нова училишна спортска сала во Волково, прва по 60 години

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Марина Ивановска, членка на Централен одбор на СДСМ

Почитувани,

Инвестицијата во спортската инфраструктура е инвестиција во младите, создавање на здрави навики и јакнење на спортскиот дух. Вложуваме во иднината на државата, а тоа се младите.

За рекордно време основното Јоаким Крчоски во Волково доби училишна спортска сала. Спортски објект кој жителите на овој дел од општината го очекуваа повеќе од шест децении.

Одличната соработка на централната и локалната власт предводена од градоначалникот Александар Наумоски го менува ликот и подобрува животот во Ѓорче Петров.

Владата предводена од СДСМ, преку Министерството за образование и наука, за само една година ја изгради спортската сала која се протега на површина од 650 м2, а во неа ќе може да се спортува кошарка, мал фудбал, одбојка, ракомет, пинг понг, гимнастика.

Повеќе од 400 ученици конечно добија соодветни услови за одржување на часот по физичко и здравствено воспитување, а вратите на салата се отворени и за сите рекреативци и спортски клубови.

За оваа капитална инвестиција во општина Ѓорче Петров одвоени се 440.000 евра, буџетски средства од Владата и општината.

СДСМ и на централно и на локално ниво продолжува со капитални проекти кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните во секое населено место.

https://www.youtube.com/watch?v=X2SBwqDoBzE

Последни вести