Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ денеска уште еднаш го покажа своето антинародно лице.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница не гласаа за усвојување на потребата од скратена постапка при носењето на измените и дополнувањата на Законот за додадена вредност со која ДДВ за струјата ќе се намали од 18 на 5 отсто.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се против граѓаните да плаќаат помали сметки за електрична енергија, се противат на намалување на семејните трошоци.
Како и досега ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи на штета на граѓаните, да се противи на секое законско решение што носи придобивки за граѓаните.
Казна за таквото однесување ќе ги стигне на претстојните локални избори.