fbpx

Именувани нови претседатели на општинските организации во Велес, Охрид и Боговиње, СДСМ единствена партија со ограноци во сите 80 општини

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ продолжува да се менува, да ги зајакнува своите капацитети, во еден континуиран процес.

Именувани се нови претседатели на Општинските организации на СДСМ во Велес, Охрид и Боговиње. Нова претседателка на ОО СДСМ Велес е Даница Чадиева, нов претседател на ОО СДСМ Охрид е Науме Јовановски, а на ОО СДСМ Боговиње за претседател е именуван Беким Емши.

Со именувањето на претседател на општинската организација во Боговиње, СДСМ е единствената партија во земјава која има локални, општински организации во сите 80 општини во државата.

Тоа е уште една потврда дека СДСМ постојано расте и се менува, којашто е блиска до граѓаните и работи во интерес на граѓаните.

Затоа СДСМ реди победи, затоа сме извесни фаворити и на претстојните локални избори.

Последни вести