fbpx

Пендаровски: Го поздравувам чекорот на Антикорупциска, сите засегнати функционери да ги следат нејзините одлуки

Facebook
Twitter
LinkedIn

П1: Знаеме дека вчера премиерот Заев јавно ги повика функционерите ло да ги повлечат своите роднини од работните места, но дел од нив се јавија и кажаа дека е грешка и понатаму не го прават тоа. Како вие како кандидат за иден шеф на државата ги коментирате овие настани?

Прво, сакам јавно да го поздравам тоа што вчера го направи новата антикорупциска комисија. Станува збор за прв пат во нашата понова политичка историја комисијата да биде избрана на транспарентен начин со луѓе кои се внатре со потребните професионални квалификации, но особено со она што го направи вчера со одлуката за повеќе случаи да покаже дека може да се поведат постапки и против актуелни функционери, не само против бивши или функционери кои повеќе не се на власт.

Во овој дел треба да се прави разлика дали е почната постапка како што вели во формулациите, Комисијата има индиции за судир на интереси или е завршена, меѓутоа независно од тоа, сите функционери јавно ги повикувам да не кажуваат да не се криви туку да ја следат препораката односно заклучокот на комисијата.

Ако е отворена постапка, без дополнителни јавни коментирања да ја сочекаат конечната одлука на таа комисија, ако станува збор за конечна одлука на таа комисија да ја спроведат без да се правдаат во јавноста.

Мислам дека тоа што вчера го направи, да напоменам уште еднаш комисијата за антикорупција, мислам дека е политички без преседан во нашите, колку, 30 години скоро независна држава и дека тоа треба само да се поздрави. Очекувам и во наредниот период и други случаи за кои што имаше информации во јавноста или оние за кои немало информации во јавноста да се процесуираат.

Мислам дека секој одговорен политичар и од власта и од опозицијата и сега и во иднина треба да им даде максимална поддршка на тие луѓе и ќе создаваат нов тип на култура, бараат културата на неказнивост да отиде засекогаш во историјата, едноставно не учат сите нас дека не е битно во чие време си бил избран, битно е дали си го прекршил законот.

Да кажам уште еднаш поздравувам и ги упатувам сите засегнати функционери да ги следат одлуките на комисијата без да се правдаат во јавноста.

Скопје, 25 Април 2019

Последни вести