Прес-конференција, Фаница Николовска, пратеничка на СДСМ
Почитувани,
СДСМ спроведува континуирани политики за заштитата на природата и специфичниот биодиверзитет, за зачувување на уникатните природни вредности.
Во Собранието го донесовме Законот со кој дел од Шар Планина станува национален парк, како предел со исклучителна природна убавина, хидролошки карактеристики, пејзажни и културни вредности, дом на две третини од сите растителни видови во Северна Македонија.
Со прогласувањето на Шар Планина за заштитена област се овозможува воспоставување систем на одржливо управување, но отворање на нови можности за развој на локалната економија.
Со ова нашата држава го добива четвриот национален парк, прв по осамостојувањето.
Сега вкупната површина на заштитени подрачја на национално ниво изнесува 13,2% од територијата на државата.
Како одговорна партија, како одговорна Влада посветени сме на заштита на животната средина преку мерки и политики на краток, долг и среден рок.
Ги чуваме шумите за идните генерации, продолжуваме посветено и бескомпромисно да се бориме за заштита на животната средина, за зачувување на природните богатства.