fbpx

За само 20 месеци рекорден број странски инвестиции, без ниту еден денар за промоции обезбедени нови 4.500 добри работни места

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Успешните економски реформи на Владата предводена од СДСМ ја вратија довербата во нашата економија и позитивно влијаеа на создавање поволна клима за инвестирање што резултира со рекордни странски инвестиции во земјава.

Според соопштениете информации од пресметките на Владата, бројот и вредноста на странските инвеситции за последниот квартал од минатата година, како вкупно за целата 2018 година, се највисоки од независноста до сега.

Странските инвестиции во земјава минатата година обезбедиле нови 4.500 добро платени работни места, со што директно влијаат на намалување на невработеноста, го јакнат бруто домашниот производ, се зголемува извозот, платите растат а со тоа се подобрува и животниот стандард на граѓаните.

За само 20 месеци во Технолошко индустриските развојни зони во државата инвестирале 17 странски компании. Дополнително, по ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент, нови шест компании донеле одлука да инвестираат во нашата земја, а најавени се 120 милиони евра инвестиција и од германска но и од компании од други држави надвор од Европа.

Решвањето на спорот со Грција, успешните евроинтеграциски процеси и најавеното членство во НАТО обезбедија стабилност и поволна клима за инвестирање.

Без да се потроши ниту еден денар на промоции и реклами, преку посветено и одговорно работење, Владата предводена од СДСМ од уназадена економија, успеа да создаде конкурентно стопанство атрактивно за странските и домашните инвеститори.

 
Скопје, 28.02.2019 
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести