Одговори на новинарски прашања,
Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата
Скопје, 01.03.2019
Медиуми: Дали предложените измени на новиот Закон за заштита од дискриминација, ќе се овозможи и склучување на еднополови бракови, и дали при неговото носење ќе бидат земени предвид забелешките од европските институции особено Венецијанската комисија?
Значи, тоа е уште една лажна вест пласирана од ВМРО-ДПМНЕ, законот којшто е предложен во собраниска процедура има позитивно мислење и од Венецијанската комисија, и од ЕУ, Обединетите Нации, ОБСЕ и ОДХИР, така што тоа е само измислица и чиста лага пласирана од ВМРО-ДПМНЕ. Во делот на прашањето за семејството, или за бракот, бракот е дефиниран во законот за семејството кадешто јасно стои дека тоа е заедница помеѓу еден маж и една жена, или помеѓу татко и мајка.