Прес конференција,
Мухамед Зеќири, пратеник и потпретседател на СДСМ
Скопје, 29.01.2019
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Денеска, овде на Бит Пазар, се сретнав со пазарџиите со кои разговаравме за актуелни теми, за состојбата со организацијата на пазарите, како и за одредбите од Законот за трговија на зелените пазари.
Вчера, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ го одложи Законот за трговија на зелените пазари за една година.
Тука сме, да се најде соодветно и достоинствено решение што ќе биде во интерес на сите, како на пазарџиите, така и на организаторите на пазарите.
Со тоа, се отвора простор за дебата и консултации со цел да се дојде до заедничко решение како да се подобри организацијата на работата на пазарите, а истовремено да бидат заштитени сите засегнати страни.
Земјоделците, пензионерите и сите пазарџии да бидат спокојни, заедно ќе дојдеме до решение со кое ќе може чесно да се заработи денар повеќе, но ќе се обезбеди и решение за сузбивање на сивата економија.