Изјава за медиуми, Зоран Заев, претседател на СДСМ
Почитувани претставници на медиумите,
Благодарам за интресот и вниманието на вас новинарите којшто сте вечерва со нас да споделите информација веројатно за првите кандидати во нашата земја согласно одлуките на централното раководство на најголемата политичка партија, СДСМ како наши преференци пуштени до општинските организации којшто се конечни во одлуките.
По седницата на раководството на партијата сакам да соопштам неколку одлуки од првата фаза на објавување на кандидатите за градоначалници.
Знае јавноста, СДСМ, заедно со граѓаните ја креира најдобрата кадровска и програмска понуда.
Кога зборуваме за најдоброто, до СДСМ беа поднесени 630 кандидатури за градоначалници и 5.000 кандидати за советници, преку можноста за самокандидирање, но и во постапките во рамки на партијата.
Големиот интерес е доказ дека вистинските политики на СДСМ и работата за граѓаните е препознаена, и уште еден показател дека навистина сме фаворити на локалните избори.
По спроведените испитувања на јавното мислење, на мислењето на граѓаните, анализите и истражувањата, консултациите со нашето членството, целосно се завршени и со одлука на раководството дефинирани се првите 30 кандидати за градоначалници од редовите на СДСМ.
1. Перо Костадинов – Валандово
2. Меликије Халими – Арачиново
3. Благојчо Шапов – Богданци
4. Зоран Зимбаков – Босилово
5. Велимир Смилевски – Бутел
6. Маријан Јанев – Василево
7. Сашо Јанковски – Вевчани
8. Ивица Димитров – Виница
9. Роберт Бешовски – Градско
10. Горан Трајковски – Делчево
11. Лазар Петров – Демир Капија
12. Анго Ангов – Дојран
13. Борче Гиевски – Зелениково
14. Јордан Насев – Карбинци
15. Филип Темелковски – Кисела Вода
16. Благојчо Илиев – Конче
17. Томе Христовски – Крушево
18. Аце Велковски – Лозово
19. Медат Куртоски -Маврово-Ростуше
20. Љубе Кузмановски – Новаци
21. Константин Георгиевски – Охрид
22. Елизабета Зелениковска – Петровец
23. Славчо Пандурски – Пехчево
24. Драган Анастасов – Пробиштип
25. Живко Гошаревски – Ресен
26. Стојан Николов – Росоман
27. Жаклина Јовановска- Старо Нагоричане
28. Горан Стојановски – Чашка
29. Сашко Николов -Штип
30. Петре Шилегов – Скопје
Почитувани,
Ме радува тоа што одлуките здружено ги носиме заедно со оние што најдобро знаат која личност е најдобриот избор за нивната општина, граѓаните.
Пресудни за одлуките беа анкетите спроведени помеѓу граѓаните на овие 30 општини.
Сите овие кандидати за градоначалнички и градоначлници кои ги објавуваме во оваа прва фаза се дел од најдоброто, блиски до граѓаните, чесни, одговорни, со конкретни планови и решенија.
Нема поголема чест и обврска да им се служи на своите граѓани. СДСМ тоа во овие изминати години го правеше најдобро што можеше и ќе продолжи да го прави и во иднина.
Како ги завршуваме останатите анкети, истражувања, анализи и како се носат одлуки на раководството и тие ќе ги соопштиме.
Не станува збор за фаворизирани општини, на пример за општините за кои со сигурност знаеме дека ќе победиме, како Струмица, Центар, Куманово, Карпош, Крива Паланка и други ќе ги објавиме во следните фази затоа што за нив и постапките ќе ни завршат крајот на овој месец и средината на август.
Кон почетокот на следниот месец ќе објавиме уште една група на потврдени кандидати за градоначалници, во втора фаза, а очекувањата се до крајот на август да бидат објавени сите кандидати за градоначалнички и градоначалници во сите општини каде СДСМ ќе номинира свои кандидати.
Во тој период, за очекување е да бидат затворени и листите за советници.
Внимаваме на вредностите, на родовата и младинската застапеност, на концептот едно општество за сите, односно застапеност на советници и советнички од останати етнички заедници, лица со попреченост и слично.
Целиме кон највисок степен на внатрепартиска демократија, затоа што тоа повлекува демократски напредок и на останатитие политички субјекти, но и на општеството во целина.
СДСМ е прв во носење на промените. Прв во храбрите одлуки. Тоа е така и овој пат.
СДСМ и на овие локални избори излегува со најдобрата понуда за секоја општина и преку кандидатите за градоначалници, но и преку листите за советници.
Тоа е рецептот за нови успеси, за подобар живот на граѓаните во секоја општина.
Ние сме партија која постои за граѓаните и наш приоритет е да бидеме нивен сервис.
Затоа СДСМ е најдоброто за секоја општина, за секој град, затоа СДСМ е најдоброто за Република Северна Македонија.