fbpx

„Млади, локално, заедно“ на средба со членовите на ЛК Карпош, ЛК Центар и ЛК Ѓорче Петров: Младите ќе ја создадат и изберат најдобрата понуда за секоја општина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Денеска во рамки на караванот „Млади Локално Заедно“ на СДММ се одржа средба на младите од локалните клубови на СДММ во Карпош, Центар и Ѓорче Петров, каде како и на претходните средби од караванот се разговараше за идеите и предлозите на секој млад човек, со цел да се направи чекор кон уштеподобри услови за младите.

Се приближуваме кон локалните избори и токму од таа причина сега е вистинскиот момент кога секој од нас треба да го сподели своето размислување и да се ангажира во креирањето на решенијата и одлуките кои се во наш интерес. Сега е нашата шанса да го инкорпорираме нашиот глас, нашиот дух да заживее во програмата на матичната партија, така што ќе си го осигураме тоа најдобро за нашата општина и најдоброто за нас, затоа што навистина можеме, истакна претседателот на СДММ, Марко Михаилоски.

Доказ дека трудот и силната волја се исплатливи е донесениот Закон за млади, со кој во секоја општина и државна институција, задолживме по еден младински работник кој е филтер на проблемите, предлозите и идеите на младите луѓе. Ја отворивме и партијата за младите луѓе со гарантирана застапеност од 33 отсто во партиските структури, но и застапеност која ќе биде испочитувана и на локалните избори преку кандидатите за градоначалници и советници, порача Михаилоски.

Најновото достигнување кое заеднички како СДММ го постигнавме и со кое апсолутно може да се гордееме е мерката за субвенцонирање на студентскиот оброк, со која на секој регистриран, редовен студент месечно ќе му се уплаќаат по 2400 денари за хранарина, заклучи претседателот на СДММ Михаилоски.

Последни вести