fbpx

УНЕСКО ги препозна конкретните мерки што ги преземаме за заштита на светското наследство на Охридскиот регион

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Заложбите на парламентарното мнозинство, на Владата, на единиците на локалната самоуправа и на надлежните институции за заштита на светското наследство на Охридскиот регион, се препознаени и соодветно валоризирани.

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО со консензус донесе одлука природното и културното наследство на нашиот Охридски Регион да не биде впишано на листата на светско наследство во опасност.

Со оваа одлука Комитетот го препозна и уважи напредокот на Република Северна Македонија во насока на зачувување на исклучителната универзална вредност на Охридскиот Регион.

Ова е признание за преземените конкретни мерки, за напредокот за зачувување на вредностите на Охридскиот Регион, но и силно и гласно предупредување дека сите мораме постојано да го штитиме охридското, македонското и светското наследство.

Ова не значи дека работата е завршена, пред нас сеуште се бројни предизвици но со максимална ангажираност и посветеност заеднички ќе ги надминеме.

Како што најави и Владата, во периодот што претстои, заедно со Албанија, ќе ја засилиме соработката и координацијата со Центарот за светско наследство и советодавните тела на УНЕСКО, како и со Европската Унија и другите стратешки партнери, со цел целосна имплементација на Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион.

Северна Македонија продолжува со исполнување на препораките на УНЕСКО и одлуките на Комитетот за светско наследство во соработка со општинските власти во Охрид, Струга и Дебарца како и со граѓаните и надлежните институции.

СДСМ преку владата и инистуциите што ги предводи останува целосно посветена на заштита на Охридскиот регион, но и на унапредување на квалитетот на живот на сите граѓаните кои живеат во овој регион кој е препознаен и признат како светско наследство.