Прес-конференција на СДСМ, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ постојано покажува што значи вистинска грижа за граѓаните.
Помош и поддршка за ранливите категории е наш приоритет од кој не отстапуваме.
Вчера, парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на Законот за стечајци.
Со овие измени, дополнителни 1.100 стечајни работници ќе добиваат месечен надоместок од 9.242 денари месечно, до пензионирање или вработување.
На овој начин реализираме уште едно предизборно ветување и исправаме децениска неправда кон овие наши сограѓани.
За нас, секој е важен.
Досега, решен е статусот на околу 13.000 стечајни работници кои не по своја вина останале без работа и без регулиран статус.
Како одговорна политичка партија продолжуваме со вистинска грижа за секој наш граѓанин.
Реализираме мерки и политики кои решаваат долгогодишни проблеми и го унапредуваат животниот стандард на граѓаните.
Благодарам