fbpx

Ниту една лага од белиот дворец не може да го покрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ е на браникот на криминалот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ

Ниту една нова измислица, ниту една стара, рециклирана лага на ВМРО-ДПМНЕ не може да го покрие фактот дека партијата на Мицкоски единствена упорно стои на браникот на криминалот.

Во Белата палата, споменикот на режимот и корупцијата, на асталите од махагони седат истите луѓе, кои 11 години со криминални зделки ги пренасочуваа парите на граѓаните на свои лични сметки, додека народот тонеше во долгови и сиромаштија.

За нивното криминално и коруптивно делување сведочат десетици судски предмети и ефективни затворски казни за високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од нив, СДСМ е силно посветена на ефикасна и неселективна броба против секој вид на криминал и корупција.

По спроведените реформи, кои ВМРО-ДПМНЕ ги опструираше и блокираше, денес правосудството ги има сите услови за професионално и непристрасно одлучување, нема сваровски судство, уцени и нарачани пресуди.

Судството е ослободено од какви било влијанија на извршната власт, а органите на прогонот постапуваат неселективно, без разлика за кој функционер станува збор.

Нема повеќе недопирливи, законите важат за сите подеднакво.

Само ВМРО-ДПМНЕ, носталгична по режимот и заробената држава, останува заштитник на криминалот и главен извор на лажни вести и измислици.