fbpx

Невработеноста падна на историски минимум, се намалува и државниот долг, потврдени успешните економски политики на СДСМ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Димитар Ковачевски, член на Извршниот одбор на СДСМ

Почитувани,

Сите показатели потврдуваат дека економските политики на Владата предводена од СДСМ ги даваат очекуваните резултати.

Македонската економија излегува од кризата и се движи кон стабилни и поголеми стапки на раст, кон зголемување на економските активности и отворање на нови работни места.

Стапката на невработеност денес изнесува15,9 отсто, што е историски најниско ниво.

Стапката на невработеност во вториот квартал годинава е пониска за 4,8 отсто во однос на истиот период лани.

Истовремено, стапката на вработеност има раст од 1,5 отсто во последните три квартали, односно расте со темпо како пред пандемијата.

И понатаму стапката на вработеност е доста висока кај мажите, на ниво од 55,8% и е многу блиску до просекот на ЕУ (60%), за разлика од жените кај кои оваа стапка изнесува 38,7%.

Оваа Влада посветено работи на корекција на овој дизбаланс преку активните мерки за вработување каде оваа година за првпат се воведе принцип на искористување на овие мерки во сооднос 60% за жени и 40% од буџетот да бидат издвоени за поддршка на вработување на мажи.

Уште една потврда за позитивните економски политики на СДСМ е намалувањето на државниот долг од 55,9 отсто од БДП на 52 отсто.

Државниот долг е намален за 3,9 процентни поени во однос на 30 јуни годинава.

Значајно и е што средствата обезбедени на меѓународниот пазар на капитал во изминатиот период се со историски најниска каматна стапка од 1,625 отсто.

Цврсто стоиме на заложбата за стабилизирање на јавниот долг и негово позиционирање во рамките на маастрихшките критериуми.

Истовремено, просечната плата континуирано се покачува и од јуни 2017 година е зголемена за над 6.500 денари на 28.744 денари.

Почитувани,

Сите показатели ни даваат за право да очекуваме уште добри економски вести за граѓаните, за компаниите, за работниците.

СДСМ, како одговорна партија ќе продолжи со економските политики кои го поттикнуваат развојот и растот на стопанството, обезбедуваат подобри услови за работа на компаниите и повисок животен стандард за граѓаните.

Последни вести