fbpx

Заев од Демир Хисар: Најдоброто носи јасна идеја и план за развој на секој град, на целата држава

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава на претседателот на СДСМ, Зоран Заев во Демир Хисар

Почитувани граѓани,

Денеска, од убавиот Демир Хисар ја започнуваме кампањата „Најдоброто за мојата општина“, кампања полна со решенија, со идеи, со најубавите македонски и есенски бои, со слух и осет за вашите потреби.

На овие избори СДСМ и коалицијата ја има најдобрата понуда на домашната политичка сцена.

“Најдоброто” носи јасна идеја и јасен план за развојот на секој град, на секое населено место, на целата држава. А, од другата страна, ДПМНЕ огромна неизвесност, ризик, опасност и закана, за враќање во темното минато.

Нашата најдобра понуда значи постојана отворена комуникација меѓу градоначалникот и вас, граѓаните, но значи и заедничко одлучување.

Најдобрата понуда значи зелена агенда како врвен приоритет, брз локален економски развој и инфраструктурни инвестиции во сите општини и региони за рамномерен развој.

Голем дел од општините во изминатите четири години беа предводени од СДСМ. Работевме посветено, вредно и напорно, и таа силна динамика мора да продолжи. Служењето на граѓаните продолжува, а победата на овие локални избори ќе биде потврда и за политиките на централно ниво.

Изборот на Најдоброто на овие избори, ќе ја повтори определбата на граѓаните да живеат во модерна европска земја, пријател на регионот и светот.

Овие избори се важни и за неодговорната опозиција да не добие можност повторно да прави штета на локално ниво.

Почитувани граѓани,

На 17 октомври вие одлучувате. Со вашиот глас избирате заедништво и развој, наспроти поделби и минато. На 17 октомври бираме отворени општини, ваши, наши.

Убеден сум дека и овој пат ќе направите мудар избор и ќе одберете да продолжи развојот, да продолжи напредокот со СДСМ и коалицијата.

Во Демир Хисар победува Најдоброто со Стевче Митревски. Во цела држава победува Најдоброто со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Последни вести