fbpx

Со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром, се вратија и режимските методи, но нема никого да уплашат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Град Скопје и претседателка на ОО СДСМ Аеродром

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ во општина Аеродром, се вратија и режимските методи.

Доцна синоќа, на паркингот пред зградата во која живеам, оштетен е мојот автомобил.

Случајот е пријавен во полиција и очекувам брзо откривање на сторителите на овој подмолен напад врз мене и мојот имот.

Ова почитувани, е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, партија која не е поместена од режимската матрица на насилство, закани и притисоци.

Нема таму никаква промена, ова се истите методи од најцрното време на режимот.

Но ова истовремено го покажува очајот, немоќта и фрустрациите на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски.

Ваквото насилничко однесување нема да помине. Нема да ме уплашат ниту мене ниту кој било кој е на страната на демократските вредности, на страната на прогресивните сили.

Времето на закани, насилство и притисоци врз политички неистомисленици заврши со падот на режимот и тоа време нема да се врати.

Денес е време на одговорност и неселективно владеење на правото, лицата кои го сториле овој подмолен чин ќе бидат пронајдени и соодветно санкционирани.

 

Последни вести