fbpx

Зголемено, стабилно парламентарно мнозинство ќе ги донесе законите што опозицијата со месеци ги блокира

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Со месеци траат блокадите и опструкциите на важни закони од страна на опозицијата во Собранието.

Поради неодговорниот, нечесен и политикантски однос на пратениците од опозицијата во Собранието се заглавени закони кои го унапредуваат квалитетот на живот на граѓаните.

Зголемено и стабилно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ ќе стави крај на овие блокади и ќе ги донесе законите заглавени во собраниските процедури.

Меѓу нив се измените со кои недела станува неработен ден за 92 отсто од сите вработени, но и законските измени со кои минималната плата ќе се зголеми на 18.000 денари.

Ќе се надминат и блокадите на законските измени со кои 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование ќе добијат трајно вработување со што ќе стекнат правна и економска сигурност.

Стабилно парламентарно мнозинство предводено од СДСМ ќе го донесе и предлог Законот за отпис на камати на долгови, со што на над 150.000 граѓани ќе им се помогне да го решат проблемот со задоцнетото плаќање на долговите кон јавните и државни претпријатија.

Време е за одговорност и работа во интерес на граѓаните кои не избрале и кои не плаќаат преку Буџетот.

Носењето на овие закони, но и други измени и дополнувања на законите ќе обезбедат подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и забрзан реформски процес во државата.

Ова е особено важно имајќи ги во предвид предизвиците пред нас како енергетската криза, пандемијата и секако продолжување по евро-атланскиот пат на државата.

Како парламентарно мнозинство остануваме на страната на интересите на граѓаните, на интересите на државата.

Ви благодарам

Последни вести