fbpx

Согласно Правилникот прифатени се три кандидатури за претседател на СДСМ од страна на Централната изборна комисија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање, Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ

Прашање: До каде е постапката за верификација на поднесените кандидатури, дали денеска комисијата ги разгледуваше и донесе одлука?

Одговор: Рокот за поднесување на кандидатури за претседател истече вчера, поднесени се четири кандидатури. Денеска согласно правилата заседаваше Централната изборна комисија и одлучија дека три кандидатури се целосни со сите потребни документи и услови согласно правилата и условите кои беа распишани, а една кандидатура не е и таа е отфрлена со одлука на Централната изборна комисија и кандидатот кој ја поднесе е известен за тоа.

Последни вести