Прес-конференција, Мартин Попов, советник во Советот на Град Скопје
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Само две недели им беа потребни на партиските кадри поставени од Данела Арсовска да ја закочат и уназадат работата на Јавното сообраќајно претпријатие.
Наместо бесплатен јавен превоз, Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ го поскапуваат автобускиот превоз преку воведување на билет од 120 денари.
Уште во првите недели по поставувањето раководството на ЈСП бара помош од Влада, очигледно неспособно да се справи со предизвиците.
ЈСП е под надлежност на Град Скопје и помош прво треба да побара од Градот и градоначалничката Арсовска.
Владата веќе му помогна на ЈСП со тоа што даде гаранција за заемот од 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој за имплементриање на Бас рапид транзит системот.
Арсовска заради лични каприци реши да го прекине овој проект кој треба сериозно да го унапреди квалитетот на јавниот превоз во главниот град.
Наместо да го продолжи проектот за кој се обебзедени средства, проект кој е целосно еколошки и ефикасен, Арсовска ги лаже скопјани дека ќе воведе бесплатен превоз дури за две години отсега.
Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не се способни ниту да управуваат успешно со ЈСП а не пак да донесат 250 нови автобуси и да воведат бесплатен јавен превоз.
Со прекинување проекти, со кратење средства за животна средина, понитување огласи и партизација на администрацијата, Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ уште во првите месеци покажаа дека немаат намера да се грижат за граѓаните, туку единствено за своите лични и партиски интереси.
Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето, оваа партија заедно со Арсовска сака да го запусти градот и да го спречи неговиот развој.