fbpx

100 дена безидејност, летаргичност и партизација во општина Ѓорче Петров

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Марина Ивановска, советничка во Општина Ѓорче Петров и членка на ЦО на СДСМ

Почитувани ѓорчепетровци,

Изминаа 100 дена откога Александар Стојкоски и ВМРО ДПМНЕ раководат со нашата општина. Раководење кое промовираше безидејност, летаргичност и партизација на општината.

Се што направи за 100 дена, е тоа што Стојкоски се појави речиси на сите телевизии за да бара изговори и да се огради од работа.

Градоначалникот Стојкоски не започна ниту еден од капиталните проекти кои ги вети во изборната кампања, а дневната агенда ја полни со ПР активности и си препишува туѓи заслуги со проекти од претходната власт предводена од СДСМ.

Стојкоски промовира реконструкција на основните училишта со средства обезбедени од претходната власт, а го гаси парното во основното училиште Мирче Ацев.

Градоначалникот Стојкоски вети две нови градинки, а за првите 100 дена не успеа да ги отвори веќе завршената градинка во Волково и доградбата на градинката во Мирче Ацев.

Градоначаникот Стојкоски вети асфалтирање на сите улици во Ѓорче Петров со таканаречениот проект Ѓорче без кал, а за првите 100 дена не успеа да асфалтира ниту една улица.

Стојкоски вети дека ќе засади и милион дрва, или треба да сади по 685 садници на ден, а за првите 100 дена засади вкупно 25.

Стојкоски истотака се пофали дека расчистил 11 хектари од депонијата во Ново Село со проект и тендер завршен пред почетокот на неговиот мандат.

Го прашуваме градоначалникот Стојкоски каде заврши шутот од депонијата во Ново Село?

Чесно е ѓорчепетровци да знаат дека претходната власт предводена од СДСМ обезбеди средства за проекти кои веќе се отпочнати и ќе се реализаат во следниот период, како, фекалната канализација и пречистителната станица во Орман, довршување на доградбите на училиштата во Хром и Ново Село, реконструкција на основните училишта Беровски и Ѓорче Петров, атмосферска и фекална канализација на ул.Радушка, колекторот за атмосферски води и нов коловоз на улица Манчу Матак.

Градоначалниче Стојкоски, ќе “секнат“ проектите кои ви се оставени од претходната власт.

Добро е да се фокусирате на реалните проблеми и потреби на граѓаните, а не на профитот кој беше ваша одлика дур бевте претседател на Советот на Ѓорче Петров.

На Ѓорче му е потребен развој каков што имаше изминатите 4 години. Имате обврска да продолжите со истото темпо. Целта да ви биде подобар живот за сите нас ѓорчепетровци, а не лично богатење и профитирање на вашите поданици од ДПМНЕ.

Последни вести