fbpx

Со тензии во Собраниската комисија ВМРО-ДПМНЕ блокира закон за повисоки плати на наставниците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно го покажа своето вистинско лице, го покажа своето лицемерие и на дело ја покажа негрижата за граѓаните.

Со своето срамно и дрско однесување денеска повторно ја блокираа постапката за донесување на предлог законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование.

ВМРО-ДПМНЕ сеуште спречува над 27.000 наставници и стручни соработници да земаат повисоки плати.

ВМРО-ДПМНЕ денеска спречи трансформација на работниот однос на над 4700 вработени во училиштата кои со години работат, а не можат да го регулираат работниот однос бидејќи предаваат во повеќе училишта или предаваат изборни предмети.

ВМРО-ДПМНЕ денеска спречи соодветно да се вреднува трудот на сите наставници и стручни соработници кои предаваат во комбинирани паралелки, во паралелки со деца со попреченост или имаат дополнителни задолженија.

Почитувани граѓани,

Ова е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ.

Блокади, тензии, создавање хаос и сѐ на штета на граѓаните.

И денеска покажаа дека за нив се најважни тесно партиските интереси, а граѓаните и нивната благосостојба им е на последно место.

СДСМ и Коалицијата нема да дозволи ВМРО-ДПМНЕ со своето штетно однесување да го спречи развојот и покачувањето на стандардот на граѓаните.

Законот ќе ја помине собраниската процедура, а наставниците и стручните соработници ќе добијат повисоки плати. ВМРО-ДПМНЕ тоа не може да го спречи.

 

Последни вести