fbpx

Срамно, ВМРО-ДПМНЕ со насилство во собраниска комисија спречува поголеми плати за наставниците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

На седницата на Комисијата за образование наука и спорт кулминираше деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ.

Блокадите на Законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование денеска се претворија во обиди за физичко насилство, закани и хаос.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не дозволуваат ниту да почне расправата за овие измени, а не пак тие да бидат донесени.

Срамно, ниско и безобразно е денешното однесување на пратениците од редовите на ВМРО-ДПНМЕ.

Со овие измени над 27.000 наставници и стручни соработници ќе добиваат повисоки плати, а околу 4.700 од нив ќе добијат трајно вработување.

Тоа ВМРО-ДПМНЕ го блокира цела година, го блокираше и денеска со попречување на работата, со викање и закани, деградирајќи го Собранието.

Ете колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за наставниците, денеска на виделина уште еднаш излезе нивното лицемерие, нивната насилничка матрица и деструктивно дејствување.

Што има ВМРО-ДПМНЕ толку против наставниците во основното и средното образование, па не бира средства да го спречи покачувањето на нивните плати?

На ВМРО-ДПМНЕ не им се важни ниту граѓаните, ниту им е важно образованието, важни им се само личните и партиски интереси.

 

Последни вести