fbpx

Кој е ставот на Мицкоски за тоа што неговиот партнер Левица ја поддржа агресијата врз Украина?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Дарко Каевски, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Јавноста сведочи дека коалицискиот партнер на Христијан Мицкоски, политичкиот субјект Левица отворено ја поддржува воената агресија врз Украина.

Пратениците на оваа партија гласаа против Декларацијата за Украина во македонското собрание. Граѓаните на Украина ги нарекуваат неонацисти и користат крајно несоодветен речник, идентичен со оној на агресорот.

Ова се опасни ставови, кои се на штета на државниот и национален интерес на нашата татковина, на нејзините стратешки цели и спротивни на целиот демократски свет.

Левица е коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Заедно ги кочат и блокираат законите кои се од интерес на граѓаните и државата.

Левица е коалициски партнер на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и на локално ниво во многу општини. Дури и во главниот град Скопје.

Бидејќи станува збор за негов близок коалициски партнер, го прашуваме Христијан Мицкоски:

Кој е неговиот став за поддржувањето на воената агресијата на Русија врз Украина од страна на Левица?

Затоа ли самиот Мицкоски ги оправдува сите што ја поддржуваат воената агресија, во своите јавни настапи?

Јавноста очекува одговори.

 

Последни вести