Изјава за медиуми на СДСМ, Сузана Трпковска, советничка во Советот на Општина Гази Баба
Почитувани граѓани,
Крајно неодговорно е однесувањето на градоначалникот на Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ.
Среде најголема енергетска и економска криза, градоначалникот Бобан Стевковски, наместо за граѓаните, 160.000 евра расипнички ги троши на партиски вработувања.
Тоа е вистинското безобразно, расипничко лице на најбогата партија во Европа во која нема никаква промена од времето на режимот.
Не е избран градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ да не работи ништо, а општинските пари на граѓаните вака да ги расфрла на партиски вработувања.
160 илјади евра од општинскиот буџет се големи пари за Гази Баба.
Со нив може да им се помогне на граѓаните на Гази Баба, може да се финансираат многу проекти, може да му се помогне на јавното претпријатие во Општина Гази Баба.
Како советничка група на СДСМ бараме од градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стевковски да престане со расфрлањето со народните пари.
Наместо расфрлање на 160.000 евра за партиски вработувања СДСМ му предлага на Стевковски парите да се пренаменат за решавање на еден од овие 4 проблеми на граѓаните на Гази Баба:
1.Изградба на филтер станици за вода во населените места Булачани и Виниче
2.Изградба на игралишта за фудбал и кошарка во населба Хиподром
3. Да се вложи во нова механизација за општинското јавно претпријатие.
4. Изградба на барем една монтажна катна гаража во Автокоманда.
Вака е одговорно, вака е правилно во време на најголема енергетска и економска криза.
Еве му шанса на градоначалникот Стевковски од ВМРО-ДПМНЕ, да му каже НЕ на Мицкоски и наместо расипнички и неодговорно однесување да покаже одговорност во време на криза.