Соопштение за јавност
Дали Данела Арсовска навистина се предомислила и конечно решила да го продолжи проектот на нејзиниот претходник, мостот во Аеродром или ќе продолжи со нови алиби оправдувања?
„Нема да се заврши, ќе биде мост за ловење риба.“ рече Арсовска во првата нејзина реакција за овој проект кога најави негова целосна блокада.
Денеска Арсовска вели дека се работи на мостот но сепак продолжува со нови оправдувања, овој пак со експропријацијата.
Досега сите предмети за експропријација, над 80, што се решени во овој период, се поради соодветни постапки започнати од претходната локална власт, Арсовска нема тука никаков удел.
Мостот од Аеродром кон Гази Баба и пробивањето на булеварот АСНОМ се проекти на Петре Шилегов, зпочнати во март 2020 година и со вредност од 16 милиони евра.
Оттука, ако има проблем за завшрување на проектот мост во Аердром тоа е само поради неработењето на Арсвоска.
Градоначлничката од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска конечно треба да престане да бара оправдување за неработењето и да се зафати со работа.