fbpx

По црната листа од САД, Арсовски треба да побара оставка и одговорност од Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ бадијала шири шпекулации за убиството на младиот ракометар.

Случајот е расветлен во рок од 24 часа, сторителите препознаени и приведени. Ако сака ВМРО-ДПМНЕ да го политизира, ете нека ги видат фотографиите објавени во јавноста каде убиецот фотографиран во друштво на Христијан Мицкоски.

Димче Арсовски да побара оставка од неговиот шеф Мицкоски, откако почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се најде на црната листа на Стејт Департментот, а токму Мицкоски со години беше негов најблизок соработник.

ВМРО-ДПМНЕ остана истата режимска партија која со уцени и заплашувања ја направи државата заробена, полигон за корупција и криминал, за злоупотреба на власта до невидени размери.

Случаите Титаник, Талир, Тврдина, Тенк, Плацеви на Водно поткрепени со признанија на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски и Мијалков на црната листа на САД, само го потврдуваат тоа.

Денес никој не е над законите, законите важат подеднакво за сите, се постапува и санкционира секое кривично дело без разлика кој го сторил истото.

Последни вести