fbpx

Наставата мора да продолжи, политичката агенда на СОНК ги држи учениците во неизвесност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција на СДСМ, Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ

Почитувани,

Уценувачкиот однос и политичката агенда што ја спроведува раководството на СОНК се на штета на учениците и наставниот процес.

Децата, учениците се ставени во неизвесност.

Со неколкунеделен прекин на наставата се загрозува иднината на над 16.000 матуранти и нивното натамошно студирање.

За штетноста од прекинот на наставата предупредија и Народниот правобранител и УНИЦЕФ апелирајќи наставниот процес да продолжи.

Владата предводена од СДСМ како никоја Влада претходно покажа грижа за вработените во образованието и детската заштита.

Преку социјалниот дијалог се дојде до конкретен предлог за зголемување на платите од 12 отсто, како и нов Општ колективен договор и нова методологија за континуиран раст на платите.

Сето тоа во време на најголема светска економска криза.

Одбивањето да се покачат платите во просек по околу 3.000 денари од страна на раководството на СОНК покажува дека платите на наставниците не се цел туку политичката агенда на опозицијата.

Тоа е истата опозиција која овде, во Собранието цела година блокира Закон за поголеми плати на наставниците.

Очигледно се избрза со штрајкот свесно иако во законот за минимална плата стои временски период за усогласување на платите од 6 месеци.

Правото на штрајк и протест е уставно гарантирано право, но правото на образование е исто така уставно гарантирано, кога овие права доаѓаат во судир, правата на децата се поважни.

Никој не смее да ги загрозува правата на децата, институциите имаат обврска да обезбедат продолжување на наставата.

Учениците мора да се вратат на настава, за последиците по нивното образование да не станат уште потешки.

Последни вести