fbpx

Шест месеци градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ништо не направија, затоа блокира Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Почитувани,

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во првите шест месеци од мандатот не сработеа ништо за општините и граѓаните.

Не ги реализираа ветувањата и немаат ниту еден проект. Првите 6 месеци од мандатот на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се загубени месеци.

Затоа Христијан Мицкоски, во очај, промовира проекти на градоначалниците од СДСМ.

Последен пример е Охрид. Бидејќи Кирил Пецаков нема ниту еден негов проект, Мицкоски промовираше реконструкција на улици и канализација во Лескоец, проекти подготвени и поднесени за финансирање од поранешниот градоначалник Константин Георгиевски.

Во главниот град, Скопје, како да нема градоначалничка, ништо не се работи.

Ниту едно ветување не е исполнето, а проектите започнати од претходниот градоначалник или се закочени или нема капацитет да ги доврши.

Поминаа 6 месеци а нема бесплатен јавен превоз во Скопје како што ветуваше Арсовска. Нема нови 250 еколошки автобуси, нема 6 нови паркови, не се исчистени депониите. Данела Арсовска буквално нема ниту еден нејзин капитален проект.

Арсовска го стопираше проектот за брз транспорт во Скопје, БТР, со месеци не може да го заврши мостот во Аеродром, улиците Есенинова и Васко Карангелески, клучката во Визбегово. Иако вети дека нема да сече дрва направи масакр на дрва во Аеродром.

Дури и директорите кои таа ги назначива и заминуваат на секои 2 месеца.

Граѓаните на дело ја гледаат неработата и неспособноста на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа Мицкоски се заканува со блокади и зборува за предвремени парламентарни избори во време на најголема економска и енергетска криза. Знае дека разочарувањето кај граѓаните од локалната власт од ВМРО-ДПМНЕ е голема.

СДСМ, заедно со граѓаните, заедно со парламентарното мнозинство нема да дозволи блокадите и деструкцијата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да успеат.

Нема да дозволиме блокадите нарачани од Никола Груевски а спроведени од Христијан Мицкоски да ја загрозат иднината на државата.