Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ
Почитувани,
Последните случувања во Собранието јасно покажаа дека ВМРО-ДПМНЕ е партија на блокатори, лицемери и насилници.
Со месеци пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараа дебата за францускиот предлог а кога предлогот стигна овде во Собранието кога по него треба да усвоиме заклучоци, тие не дозволуваат ниту да се дебатира.
Палат хартии, свират, врескаат, се закануваат само со една цел народот да на ја луе вистината а тоа е дека со последниот предлог имаме чиста формулација на македонскиот јазик и историски прашања надвор од преговарачкиот процес.
Ова е срамно, недолично однесување на ВМРО-ДПМНЕ. Каде мислат дека се наоѓаат? Собранието не е месен комитет на партијата туку највисок законодавен дом.
Ова ли е партија која наводно е за интеграција во ЕУ? Наместо дебата, аргументи, тие го резилат Собранието, ја резилат државата пред високи претставници на ЕУ и пред целата европска јавност.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ниту ги интересира ЕУ, ниту сакаат во ЕУ, тие сакаат да се вратат назад во времето на Груевски, да не затворат назад во минатото, да не заробат без иднина и без припадност на Европа.
Со почетокот на преговорите, државата оди напред, нема враќање назад во режим и изолација и затоа ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се нервозни и уплашени.
ВМРО-ДПМНЕ ниту може ниту сака да ја води државата напред, затоа што не сакаат дебата, затоа што додека ЕУ вели дека јазикот и идентитетот се заштитени, тие палат хартии во Собранието, фрлаат јајца врз објектот, додека ЕУ вели сакаме да ве видиме внатре во Унијата, тие велат НЕ.
Можат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да свират, да кршат, да се закануваат, државата и без нив оди напред.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе останат запаметени дека остануваат на спротивната страна од државните интереси, одбработувајќи за туѓи центри на моќ на штета на интересите на граѓаните.