Изјава за медиуми, Бојан Маричиќ, Секретар за меѓународна соработка на СДСМ
Денес сме тука во Тетово, на Поток каде што разговаравме со граѓаните и со поддржувачите на СДСМ и коалицијата околу нивните потреби и очекувања од нашата советничка листа за иизборите во Тетово на 20-ти август наредната сабота.
Во тие разговори имаме високо разбирање помеѓу граѓаните и помеѓу нашите поддржувачи и висока поддршка за нашата советничка листа. Мислам дека тетовчани и тетовчанки разбираат и сваќаат дека СДСМ и коалицијата го нудат најдоброто за Европско Тетово. Нудат листа на кандидати на којшто единствен интерес им е поддршка и успех на сопствениот град и интересот на граѓаните на Тетово.
Имавме прилика денес во Тетово со премиерот и со останатите министри да отвориме една нова инвестиција, германска инвестиција од сто и триесет милиони евра којашто ќе овозможи 900 нови работни места за Тетово и неговиот крај.
Тоа само укажува дека СДСМ и коалицијата дејствува со конкретни дела и работат со конкретни дела за тетовчани и дека Тетово е на висока листа на приоритети на градовите во Северна Македонија. Владата секогаш го гледала Тетово како еден од најважните градови и вложувала многу во него. Доказ за тоа е и инфраструктурата којашто е вложена во изминатиот период преку централната власт. Реконструкција на повеќе улици, на дел од канализациона мрежа но исто така и оваа денешна инвестиција.
Тоа е само доказ дека и владата и СДСМ и коалицијата се грижат за Тетово и дека им е важно Тетово да биде успешна европска приказна.
Затоа сигурни сме дека на 20-ти август граѓаните ќе заокружат број 1 и ќе ја поддржат советничката листа на СДСМ и коалицијата затоа што знаат дека ние гарантираме со нашиот збор и со нашата советничка листа дека ветувањата ќе ги исполниме. Дека Тетово навистина заслужува многу подобро од она што го имаше во изминативе 10 месеци.Дека залужува да има и повеќе улици и повеќе инфраструктура и нормални услови за живот, вода за пиење низ целиот град но секако дека заслужува и нов парк и нов спортски центар и уште многу работи. Единствена гаранција дека тоа ќе се исполни е нашата советничка листа на СДСМ и коалицијата и поддршката којашто ја имаат и од од партијата и од Владата.
Затоа никој не треба да има дилема , драги тетовчани и тетовчанки ве повикуваме на 20-ти август да заокружите број 1 и да гласате за СДСМ и коалицијата и за нашата советничка листа којашто ја нудиме на овие избори како прва во редослед и како најуспешна и како гаранција дека во Тетово доаѓаат подобри денови и дека ќе имаме до крајот на овој мандат европско, развиено, модерно Тетово.