fbpx

Маврово и Ростуше ќе продолжи да се развива, со Медат Куртовски просперитетот е загарантиран

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Славјанка Петровска, членка на ЦО и министерка за одбрана, денеска се сретна со жителите на Леуново, Никифорово и Маврово.

“Овој крај сите го чувствуваме како свој, без разлика каде живееме. Во Маврово и Ростуше се реализирани над 60 проекти, со кои се решени најголемите проблеми на локалното население, од инфраструктура до пристап до чиста вода за пиење. Оваа општина не смее да се враќа назад, со поддршка за Медат Куртовски, Маврово и Ростуше ќе продолжи да се развива и да стане и светски позната туристичка дестинација”, рече Петровска.

На средбите, жителите се запознаа со новата програма на кандидатот за градоначалник Куртовски во која за Леуново се предвидени нова водоводна линија, мавровскиот дел, урбанистички планови со што ќе се регулираат градбите, депонија, уредување на пат до месноста Студенче, за Маврово, санација на резервоар за вода во месноста Крстови, Санација на локалниот пат, нови резервоари за вода, изградба на велосипедска патека околу езерото, чистење и уредување на диви депонии.

“Месните проекти, општината Маврово и Ростуше ја прават поврзана. Фокусот во новиот мандат останува на целосно решавање на проблемите на граѓаните и на општината. Со нова водоводна линија, со чистење и уредување на дивите депонии, санација и уредување на селските улици, во овој крај ќе се решат главните проблеми на седелците, но и на сите луѓе кои тука имаат свои викенд куќи и голем дел од времето го поминуваат тука”, рече Куртовски.

Маврово и Ростуше е обединето, со силна поддршка за кандидатот на СДСМ и коалицијата, Куртовски.

Жителите ја препознаваат разликата и затоа на 20 август нивниот избор е Медат Куртовски.

 

Последни вести