fbpx

Секој пратеник да даде свој придонес за функционално и ефикасно Собрание во интерес на сите граѓани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ и коалицијата

Почитувани,

Денес во Собранието одржавме редовна координација на која начелно договоривме начин на делување во следниот период.

Во тој контекст сакам да испратам неколку пораки до сите пратениците. Пратениците како избраници, како претставници на граѓаните треба да работат одговорно и посветено токму во интерес на граѓаните.

Во услови на глобалните предизвици, кои доведоа до економска и енергетска криза во светот, уште поголема е одговорноста на собранието и на секој пратеник.

Очекувам секој пратеник со своето однесување да даде придонес за функционално и ефикасно собрание кое работи исклучиво во интерес на граѓаните.

Тоа можам да го гарантирам во името на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, во името на парламентарното мнозинство. Парламентарното мнозинство е тука за граѓаните, остануваме посветени на работата и имплементација на ветувањата пред граѓаните и политиките.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ одби да присуства на денешната координација кај претседателот на Собранието. Се надевам дека ќе се промени овој однос.

Не сакам да верувам дека во ВМРО-ДПМНЕ не ја научиле лекцијата, ниту дека не ја примиле пораката од граѓаните.

Повикувам опозицијата да ги научи лекциите од минатото и наместо блокади и деструкции да делуваат конструктивно и одговорно. Тоа е во интерес на сите граѓани.

Наместо активна и пасивна блокада, одолговлекување на пленарните заседанија и седниците на собраниските комисии, навредување и попречување на работата, потребен е функционален и ефикасен парламент.

Да не дозволи да се повтори она што се случуваше во собранието, неразумни опструкции, блокади на важни закони за граѓаните, одолговлекување на пленарните заседанија и седниците на собраниските комисии.

Особено да не ни се повтроат сцените со навреди и попречување на дискусиите на пратениците на едно ниско, недемократско ниво кое не ни доликува и кое не донесе ништо, најмногу загуби ВМОР-ДПМНЕ во очите на граѓаните.

Се покажа дека ниту една деструкција, блокада или опструкција не може да даде со плод, само се губи време и се трошат пари на граѓаните.

Благодарам

Последни вести