fbpx

Шпицниот градоначалник Мицкоски да каже за неговата улога во тендерот од 136 милиони евра?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Почитувани,

Четврти ден Христијан Мицкоски молчи, се крие, не одговара која е неговата поврзаност со спорниот тендер од 136 милиони евра.

Цела недела јавноста сведочеше на меѓусебни обвинувања за незаконско постапување, помеѓу градоначалничката на Скопје Данела Арсовска и поранешниот директор на ЈП Водовод и канализација Златко Перински.

Перински е поранешен шеф на кабинет на Мицкоски и негов близок соработник.

Сега кога се фатени со рацете во медот неговите најблиски соработници, Мицкоски, или шпицниот градоначалник како што го нарекуваат молчи и се крие?

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја подржаа кандидатурата на Арсовска и ги собираа потребните потписи и заедно бараа поддршка од граѓаните за време на кампањата.

Шпицниот градоначалник Мицкоски дури се пофали дека заедно со Арсовска преговарале со компании за набавка на 100 нови автобуси за потребите на ЈСП Скопје.

Дали и овој проект е нереализиран заради неможноста да се договорат провизиите тоа треба да каже Мицкоски, но јавноста гледа дека на ВМРО-ДПМНЕ е им се важни интересите на граѓаните, туку само парите, криминалните тендери и провизиите.

Добро е што надлежните институции започнаа да го истражуваат сомнителниот тендер од 136 милиони, и треба овој случај да се истражи до крај а за секој кој ќе се докаже вина , да има и одговорност.

Почитувани,

По само една година јавноста виде дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, шпицниот градоначалник Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да му приредат нова катастрофа на Град Скопје, 2024 година. СДСМ нема да прави непринципиелни коалиции и ќе остане опозиција во Советот, заедно со демократските сили, заедно со граѓаните нема да го дозволиме нова катастрофа во Скопје.