ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски создадоа хаос во Град Скопје и во јавните претпријатија под надлежност на градот.
Прв пат во историјата се случува Скопје да остане без јавен превоз, да не може да функционираат основните услуги за скопјани.
Целосно нефункционални јавни претпријатија, нема проекти, нема инвестиции, нема развој на градот.
Само има раце во мед за тендери, кавги за влијание и провизии. Ништо друго.
Со еден збор на Скопје со ВМРО-ДПМНЕ повторно му се случува катастрофа.
Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да побегне од одговорноста.
ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка се виновни за ситуацијата во која се наоѓа градот.
Не може ВМРО-ДПМНЕ да се иземе од одговорност кога највисок орган на управување се Управните одбори а тие сите до еден се членови на ВМРО-ДПМНЕ.
Сите УО во ЈП се назначени од советот на Град Скопје а таму ВМРО-ДПМНЕ го има мнозинството.
Неспособноста на раководењето во ЈП е резултат исклучиво на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ.
Шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ целосно ја изневерија довербата на граѓаните на Скопје.
Бараме посебна седница на Советот за да се разгледа состојбата во сите јавни претпријатија, да не се случи целосен колапс на градот. ВМРО-ДПМНЕ да не бега од одговорноста.