Прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
СДСМ со засилено присуство на терен, меѓу граѓаните.
Од денеска започнуваме со серија граѓански трибини „Силно и одлучно кон иднината“ каде заедно со граѓаните отворено ќе разговараме за мерките и политиките на СДСМ, за нашата визија за иднината на нашата македонска држава.
А нашата визија е економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ, до 2030 година, со заштитен македонски јазик и идентитет.
Централниот караван почнува во Битола во Домот на културата од 18.30 часот.
Граѓански трибини со почеток во 17.00 часот ќе се одржат и во целиот регион, односно и во Ресен, Новаци, Могила и Демир Хисар.
Овие трибини се добра можност одблиску да ги претставиме ефектите од мерките на СДСМ, но и изворно да се запознаеме со барањата и потребите на граѓаните, да ги чуеме нивните ставови и идеи.
Како одговорна партија се грижиме за граѓаните и за животниот стандард во време на криза.
Но истовремено гледаме и напред, за нашите деца да можат горди и со крената глава да ја градат својата иднина дома, во земја членка на ЕУ.
СДСМ останува со граѓаните, продолжува да работи на мерки и политики што го унапредуваат животниот стандард и носат развој на државата.
Продолжуваме, силно и одлучно кон иднината.