fbpx

Со новите мерки за компаниите се очекува намалување на цената на основните продукти од 10 отсто, грижата продолжува

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски продолжуваат со вистинска грижа за граѓаните и стопанството во време на светска економска и енергетска криза.

На вчерашната седница на Владата донесена е одлука за обезбедување на поевтина електрична енергија за компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи.

Тоа значи дека компаниите што произведуваат основни прехранбени производи како масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, како и компании од месната и живинарската индустрија ќе плаќаат електрична енергија по цена од 80 евра за мегават час.

Тоа е повеќе од двојно поевтино од редовната цена на пазарот за мегават час.

Со овие мерки компаниите, производители на основни прехранбени производи ќе имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја, што ќе влијае и врз стабилизирање на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат од страна на овие компании.

Како што веќе беше јавно соопштено од производителите на основни производи, дека со ваква цена на електричната енергија, крајните цени треба да се намалат за најмалку 10 отсто.

Тоа значи пониски цени за граѓаните, односно заштита на нивниот животен стандард и куповна моќ.

Ова е уште една во низата владини мерки за помош и поддршка на граѓаните и стопанството во време на најголема светска економска и енергетска криза.

Со последниот пакет мерки вреден 360 милиони евра ги помагаме граѓаните и компаниите во надминување на последиците од кризата.

СДСМ, преку владата и институциите што ги предводи не остава никого сам во време на светска економска криза, грижата за сите продолжува.

Последни вести