Прес-конференција, Даниела Колева, пратеничка на СДСМ
Пратениците и целата јавност слушнаа државничко обраќање на претседателот Пендаровски, со значајни пораки во рамки на неговите Уставни надлежности.
СДСМ го поздравува тоа што претседателот Пендаровски цврсто стои зад политиките кои значат европски вредности дома, кои го јакнат стратешкото партнерство со САД и водат до полноправно членство во ЕУ.
Претседателот Пендаровски го потенцираше значењето на почетокот на преговорите со ЕУ, што се случи оваа година по државничките одлуки на премиерот Ковачевски, коалициската Влада и мнозинството во Собранието. После 17 години стоење во место конечно започнавме преговори со ЕУ, скринингот е во тек. Уште поважно, започнавме преговори со заштитен македонски јазик и идентитет. Потврда за тоа е потпишувањето на договорот Фронтекст.
Пратениците од СДСМ и парламентарното мнозинство се особено горди што беа дел од овој процес. За разлика од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои хистерично ширеа лаги и невистини за наводна асимилација и бугаризација кои паднаа во вода.
За опасноста од популизмот, дезинформациите и лажниот патриотизам предупредува и СДСМ веќе подолг период. Потпалувачките политики на Левица која ја има земено во заложништво ВМРО-ДПМНЕ се сериозна закана.
Одговорност на сите пратеници е да се направи и последниот исчекор, уставните измени. Не смееме да дозволиме самите да се блокираме туку целосно да го заокружиме процесот до полноправно членство на Унијата.
Блокадите на опозицијата во Собранието но и надвор од него конечно треба да запрат, тие се неодговорни и на штета на граѓаните и државата.
Потребно е обединување на сите општествени и политички чинители околу европскиот пат на земјата. На оваа линија ги цениме и апелите на претседателот Пендаровски.