fbpx

Ковачевски: Кого лаже ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени, граѓаните или амбасадорите?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски дејствуваат лицемерно околу уставните измени, односно едно зборуваат пред граѓаните, а друго по амбасадите

„Секој пратеник има обврска да го поддржи развојот на својата држава. Ние сме донеле одлука кога сме ја формирале државата дека оваа држава ќе стане земја членка на ЕУ и на НАТО. Обврската пред граѓаните политичарите ја направија со зачленувањето на земјата во НАТО, во тоа време истата политичка партија со исклучок на 8 пратеници беше против зачленувањето во НАТО. Истата таа партија, ВМРО-ДПМНЕ денес е против продолжувањето на патот за зачленување во ЕУ. И што прават, тие одат по амбасади и велат „Дајте ни власт, потоа, ќе ни дадете малку период, и потоа ќе го менуваме Уставот“ тоа го зборуваат по амбасади. Кого лажат е прашањето? Дали ги лажат граѓаните дека нема да гласаат за промена на Уставот или ги лажат странските амбасади дека ќе поддржат промена на Уставот? Тоа треба да го излезат и да го кажат“ посочи Ковачевски.

Ковачевски порача дека потребно е лидерство за да се носат одлуки кои обезбедуваат подобра иднина за граѓаните и државата.

„Ако ги погледнете анкетите при носењето на договорот од Преспа, ние уште немаше да бидеме членка на НАТО. Ако ги погледнете анкетите при прифаќањето на Собранието на заклучоците на Европскиот предлог и отпочнување на преговорите и скрининг процесот, па ние уште ќе немавме започнато скрининг процес. Исто е и сега. Лидерство е да донесете одлука за иднината на сегашните и на идните генерации, а не да се криете зад народот. Она што сега ВМРО-ДПМНЕ го прави и го прави цело време е да се кријат зад народот, но едно зборуваат во амбасади, друго зборуваат пред граѓаните.

Последни вести