Прес-конференција,Даниела Колева, пратеничка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
Нека е честит 5 мај – Денот на македонскиот јазик.
СДСМ преку конкретни мерки и политики ја заштитува и унапредува употребата на македонскиот јазик.
Токму Владата предводен од СДСМ пред четири години донесе одлука со која денешниот ден го прогласи за Ден на македонски јазик.
Со потпишување на Договорот со Фронтекс, конечно македонскиот јазик со чиста формулација, без додавки и фусноти е целосно признат од ЕУ и рамноправен со останатите службени јазици во Унијата.
Во последните години после децении пауза се отвори нов лекторат по македонски јазик во република Турција, а за годинава предвидени се отворања на уште два нови лекторите.
Грижата за македонскиот јазик не застанува тука.
Подготвени е нов Закон за употреба на македонски јазик со кој ќе се прошират областите во кои задолжително се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо.
Ќе се прошири опсегот на задолжително лекторирање на текстови што се објавуваат: општите и поединечните акти на законодавната, на извршната и на судската власт и на единиците на локалната самоуправа, како и на јавните установи и институции од областа на културата, образованието и науката.
Задолжително ќе се лекторираат меѓународните ратификувани договори и публикациите и учебниците што се издаваат на македонски јазик, како и магистерските и докторските трудови што се напишани на македонски јазик.
Согласно Законот се предвидува основање Инспекторат за употребата на македонскиот стандарден јазик, орган во состав на Министерството за култура со својство на правно лице.
За поголема афирмација на творештвото на македонски јазик воведуваме нова државна награда Блаже Конески со која ќе се оддава општествено признание на поединци, групи лица, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани кои со својата активност дале придонес кон промоцијата, заштитата и унапредувањето на македонскиот јазик.
СДСМ како државотворна партија продолжува со реализација на мерки и политики кои ја штитат и унапредуваат употребата на македонскиот јазик.