Прес-конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ
Почитувани,
ВМРО-ДПМНЕ и проруската Левица повеќе од две недели водат хајка во однос на делниците од коридорите и против реномираната американска компанија Бехтел.
Со денови ВМРО-ДПМНЕ бараше Договорот за коридорите да се достави во Собранието, а сега од партијата на Христијан Мицкоски со денови молчат и не кажуваат кога и на која собраниска комисија тој Договор да се разгледува.
Левица и ВМРО-ДПМНЕ постојано пласираат лажни вести за цената на проектот, како и за законските измени кои се предвидени за негова реализација.
Тоа покажува едно, дека ВМРО-ДПМНЕ сака по секоја цена да го блокира стратешкиот и воедно најголем проект во инфраструктурата.
Ние како пратеничка група тоа нема да го дозволиме.
Ќе ги искористиме сите механизми што се на располагање и преку соодветна законска постапка ќе ги донесеме измените на петте закони кои гарантираат поевтина и побрза изградба на делниците од коридорите.
ВМРО-ДПМНЕ и Левица сакаат да создадат нов хаос, како хаосот со автопатот Кичево-Охрид, кој е симбол на криминал и корупција, но ние тоа нема да го дозволиме.
Делниците од коридорите 8 и 10Д ќе се реализираат.
Тоа ќе донесе подобро поврзување во државата, но и бројни придобивки за економијата, односно отворање на 8.000 нови работни места и номинален раст од два отсто годишно на Бруто домашниот производ.