Одговор на новинарско прашање, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ
П: Мицкоски рече дека е за Влада со широко национално единство, кој е вашиот став за ова?
Национално единство не се прави со блокади на државата ниту со поделба по етничка или по каква било основа. СДСМ секогаш е на страната на дражвниот и национален интерес и сите одлуки коишто ги донела се државнички одлуки. Еве шанса Мицкоски да покаже дека навистина е за единство, нека ги поддржи одлуките за продолжување на европскиот пат. Ако погледнеме наназад ВМРО-ДПМНЕ имала многу шанси па не поддржала ниту една важна одлука за државата: беа против Преспанскиот договор, членството во НАТО, членството во Обединетите нации, Рамковниот договор, против Европскиот предлог…има безброј примери. Еве сега Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нека покажат дека се за државните и национални интереси, нека покажат дека се единство со поддршка за европскиот пат на државата.