Изјава за медиуми, Маријана Стојановска, ОО СДСМ Аеродром
Почитувани граѓани,
Поминаа точно 2 месеци откако Тимчо Муцунски на оваа локација свечено го означи почетокот на активностите за подигнување на нов парк од 6.000 метри квадратни за жителите на Реонски центар и Ново Лисиче.
Токму зад мене се гледа напредокот на активностите за изведбата новиот парк „Радост“. За цели 2 месеци точно 0 метри квадратни подигната паркова површина. Паркот „Радост“ очигледно е уште една од многуте лаги на Муцунски.
Неспособноста на Муцунски и ДПМНЕ во Општина Аеродорм нема крај. Секој ден нови скандали кои се на директна штета по граѓаните на нашата општина.
Наместо ветената хумана урбанизација која подразбира нови паркови и зелени површини, на Аеродром му се заканува бетонизација на Лисиче со 9 висококатници и урбан хаос од невидени размери низ целата општина.
Наместо да ги засука ракавите и да се фати за работа, Муцунски се занимава само со партиските активности во ДПМНЕ, држи партиски прес-конференции и оди на телевизиски гостувања каде зборува за се’ освен за локалните проблеми и предизвици на граѓаните.
Затоа прашуваме: Дали Аеродром има градоначалник?
Ги повикуваме Муцунски и ДПМНЕ конечно да започнат со работа. Проблемите сами нема да се решат.
Ваков неодговорен однос кон локалните проблеми граѓаните повеќе нема да толерираат!